
Erasmus+ Sport project COMPASS
Европската комисија го избра проектот „Креативен модел за ориентација за физичка активност и спорт во општеството“ (COMPASS 2) за финансирање. Двегодишниот проект (јануари 2025 до декември 2026) има за цел да поттикне здрав начин на живот преку искуствени активности по ориентација.
Проектот вклучува пет партнери од пет европски земји: Австрија, Бугарија, Северна Македонија, Романија и Словачка. Заедно ја развиваме апликацијата COMPASS која нуди дигитализирана обука по ориентација за тренери и(или) наставници, со цел да организираат тренинзи по ориентација.
Апликацијата е наменета да им користи на учениците преку поттикнување на когнитивниот развој, како и на повозрасните лица преку помагање во спречување на возраст-зависните опаѓања на когнитивните и физичките способности.
За повеќе детали, посетете: compass.schmelz.univie.ac.at