Злато и сребро за АОК Златоврв на Виз Ер Скопје Штафетен Маратон
На 4ти мај, во Скопје се одржа петнаесеттиот по ред, Виз Ер Скопски Маратон. Програмата вклучуваше четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км. Учество зедоа повеќе од 12.000 натпреварувачи од земји ширум целиот свет. АОК Златоврв зеде учество со 29 членови.
На штафетниот маратон со должина од 42 километри и 195 метри, победник во машка категорија во силна конкуренција е тимот на АОК Златоврв (Михајел Ван Бален, Виктор Вељаноски, Хритијан Насевски и Марио Котески) со време 02:45:07. Тимот го презема водството на деветтиот километар и финишира силно со 2мин. и 18сек. побрзо време од минатогодишниот победник, тимот на АРМ.

Во женска категорија, сребро за девојките на АОК Златоврв (Милена Чкрипеска, Талија Петреска, Елеонора Кржеска и Мери Чкрипеска). Женскиот тим имаше водство до дваесет и шестиот километар, но силната конкуренција на триатлон тимот Триоџи извојува победа на самиот крај со предност од 2мин. и 4сек. Женскиот тим финишира со време од 03:24:39 што е за 25мин. подобро време од минатата година.

Со висок пласман завршуваат и вторите тимови на АОК Златоврв. Четврто место жени (Ивана Настовска, Елена Јованоска, Викторија Трајкоска и Елена Цветаноска) со време 04:02:17 и петто место мажи (Јован Тодоровски, Николче Димитријески, Александар Талески и Давид Трајкоски) со време 03:09:16.

Најмладите членови: Јована Јованоска (родена во 2011 год.) и Илија Петрески (роден во 2009 год.) успешно ја завршија трката на 5км.
Трката на 5км успешно ја завршија уште 8 членови: Кирил Велкоски, Миле Василески, Лилјана Јованоска, Ивица Трајкоски, Мила Јовческа, Симона Илиевска, Јована Илиевска и Нина Николоска. Полумаратонот успешно го заврши и Марко Иваноски, секретарот на клубот.
Has one comment to “Злато и сребро за АОК Златоврв на Виз Ер Скопје Штафетен Маратон”
Слав Илиев - 8th мај 2019
Поздравления за моите приятели от Прилеп