5K Start to Run

Изморен/а си да бидеш уморен/а?
Сега е вистинско време да влезеш вo форма.
Започни да трчаш со програмата ‘Start to Run’!

Што е Start to Run?

Start to Run е иницијатива на ОК „Златоврв“ – Прилеп. Од 0 до 5 км за 50 дена!
Програма за трчање што се состои од 21 тренинг, подготвена од искусни и успешни тркачи.  Тренинзите се одвиваат во група, што докажано влијае врз мотивацијата на секој од нас.   
Секој почеток е тежок. Како и во други сегменти од животот, планирањето е клучно за постигнување успех. Програмата за трчање се содржи од детален распоред во една одредена временска рамка со добро дефинирани цели. Таа им помогнала на многу луѓе со (и без) искуство да истрчаат 5км за 50 дена. Тренерите ќе ти помогнат да станеш поуспешен. Нивните насоки, колку долго и колку брзо да трчаш на секој тренинг се од голема важност за правилен развој и сигурен успех. Искористи ја можноста да тренираш со нас! Сега ти си на ред!

Кога се одржуваат тренинзите на Start to Run?

Тренинзите се одвиваат  3 пати неделно во период од 7 недели (18 март – 6 мај). Тренингот во сабота ќе се одвива на различни локации, по договор.

Вторник:  08.00ч. и 17:00ч. ________________  Могила
Четврток: 08.00ч. и 17:00ч. ________________ 
Стадион при градски базен „Маркови Кули“
Сабота:     10.00ч. ­­­­­­­­­
________________________   По договор

ВАЖНО!

Првиот тренинг на Start to Run ќе се одржи во вонреден термин.

18.03.2018, недела – Промо тренинг на Могила во 10.00ч.

 Кои се бенефитите на Start to Run?

Краткорочни:

  • ментална опуштеност
  • ќе се чувствувате корисно
  • лачење на хормонот ендорфин (хормон на среќа)

Долгорочни:

  • продуктивност
  • самодоверба
  • контрола врз животот
  • подобар сон
  • фит тело
  • стварање здрави навики
  • помлад изглед

Кои сме ние?

ОК „Златоврв“ е ориентационен клуб со главни дејности: атлетика и ориентација. Најкратката дисциплина за која тренираме и се натпреваруваме е 5км, додека најдолгите дисциплини се маратонот и ултра трките. Клубот е горд на досегашните резултати на членовите.

Нашите најуспешни резултати се:

  • државен рекорд на 10км, сениорки
  • вице шампион на полумаратон на Македонија, сениорки
  • вице шампион на Југоисточно европско првенство во ориентација, младинки
  • четврто место на Медитеранско првенство во ориентација, сениорки
  • трето место на Ориентациона лига (светска ранг листа), сениорки

Тренери: Михајел Ван Бален
                 Милена Чкрипеска
                 Мери Чкрипеска

 

Колку e цената за учество?

Цена: 1.000 ден.
*вклучува: 3 тренинзи неделно со тренер и користење на лична програма за трчање.
Лични совети за исхрана: + 500 ден.
Блуза со логото на
‘Start to Run’: + 600 ден.

(Цената се однесува за целата програма во рок од 50 дена.)

Важно: Се препорачува спортски преглед! Секој тренира на сопствена одговорност!

Сеуште си заинтересиран/а? Супер!
Регистрирај се на: okzlatovrv@gmail.com
Потребни податоци: Име и презиме, година на раѓање, е-пошта и телефонски број.

Спортски поздрав!

Gradche Trail 2017<<

About the author : Jovan

Leave a Reply

Your email address will not be published.