Мери Чкрипеска на GHRO ‘Surfing IPTV’ Cup & World Ranking Event 2018

Мери Чкрипеска:
Овој настан ми го промени животот! Не учествував само јас, туку и мојот клуб и мојата земја. Научив многу важни работи, клучни за развојот на клубот. Бев дел од неверојатен тим на ориентирци (вклучувајќи и спортисти со светски титули).
Ќе го споделам ова искуство со членовите на клубот и ќе ги мотивирам да го изнесат она најдоброто од себе! Уште еднаш ќе им кажам колку уникатен спорт е ориентацијата. Спорт за сите. Динамичен. Авантуристички. Предизвикувачки. Што вклучува доста патувања. Нови пријателства.
Ќе им кажам што е потребно за да се биде професионален спортист. Што се треба да жртвуваат и што ќе добијат за возврат. Дека животот може да има смисла доколку си поставиме одредена цел. Нема откажување! Само напорна работа и остварување на соништата!
Големо благодарам до Џими Шен за поканата и до Јарослав Качмарчик за финансиската поддршка.

Повеќе на нашата фејзбук страна.

>>Милена Чкрипеска на полумаратонот во Гран Канарија

About the author : Jovan

Leave a Reply

Your email address will not be published.