
На 4ти мај, во Скопје се одржа петнаесеттиот по ред, Виз Ер Скопски Маратон. Програмата вклучуваше четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км. Учество зедоа повеќе од 12.000 натпреварувачи од земји ширум целиот свет. АОК Златоврв зеде учество со 29 членови. На штафетниот маратон со должина од 42 километри и 195 метри, […]

Chupino Winter Vertical и нашите тројца мускетари! 5.5 км со 1.030 м искачување со победничко време од 49 мин. и 7 сек. Победник е Александар Стојкоски. Второ место за Марјан Бонев со време 49 мин. и 33сек. Со само неполна минута заостанување (49:57), БРОНЗА за нашиот член и тренер Михајел Ван Бален! На високото шесто место […]

Изморен/а си да бидеш уморен/а? Сега е вистинско време да влезеш вo форма. Започни да трчаш со програмата ‘Start to Run’! Што е Start to Run? Start to Run е иницијатива на ОК „Златоврв“ – Прилеп. Од 0 до 5 км за 50 дена! Програма за трчање што се состои од 21 тренинг, подготвена од […]

Првото издание на Градче Треил со прекрасно осмислена патека и невероватни глетки! 11км долга патека со 470м искачување. За многу членови од клубот ова беше последна трка за сезона 2017.

7мо место за Милена Чкрипеска на полумаратонот во Гран Канарија. Подготовки за сезона 2018! Повеќе на нашата фејзбук страница.

Мери Чкрипеска: Овој настан ми го промени животот! Не учествував само јас, туку и мојот клуб и мојата земја. Научив многу важни работи, клучни за развојот на клубот. Бев дел од неверојатен тим на ориентирци (вклучувајќи и спортисти со светски титули). Ќе го споделам ова искуство со членовите на клубот и ќе ги мотивирам да […]