Новости

За нас

Ориентационен клуб „Златоврв“ - Прилеп

Ти си момче или девојка. Млад/а или стар/а. Сакаш активности на отворено. Ја сакаш природата. Планинариш, џогираш, трчаш или спринтираш. Едноставно не престануваш да се движиш. Отворен си за учење нови работи. Откривање нови места. Запознавање нови луѓе. Љубопитен си да научиш како се користат мапата и компасот. Имаш желба да бидеш шампион.Тогаш ТИ си еден од нас!

MOCPA 2018

Меморијален натпревар „Пеце Атанасоски“

MOCPA е прилично нов повеќедневен настан за ориентација кој е во постојан подем. Го претставува Прилеп и околината како нова и уникатна дестинација за многу ориентирци од целиот свет. Квалитетните мапи и добро планираните патеки им обезбедуваат незаборавно искуство на натпреварувачите. Исто така е голем промотор на ориентацијата во земјата и ги едуцира луѓето за важноста на здравите навики: да се биде во природа и да се биде активен!
ПОВЕЌЕ

Тренери

Контакт